08.03.2002 Литература: Дамјановски, Два спорна питања у вези са применом закона о амнестији, Бил.-ЈНА, 3/1962; Милојковиќ, Казна строгог затвора од 20 година и помило¬вање, Рев-ЅУ 1/1965; Пихлер, Прилог расправи о помиловању, ПЖ 6-7/1981; Таа,ховиќ, Закон давања амнестије и помиловања, Ан. 3-4/1945; Трифуновиќ, Уставно-правни и политичко-правни аспекти института помиловања, Рев-ЅУ 2/1973 1. Проблемот - Наеднаш, иако не и сосема неочекувано, прашањето за амнестијата стана топ-тема на македонската политичка сцена. Проблемов, инаку, од научна гледна точка, спаѓа во доменот на стабилната догматика и не предизвикува особени контроверзии. Поинаку речено, тука е кажано главно сѐ што во науката требало да се каже и нема изгледи некој “да открие Америка” со кој знае какви несогледани идеи. Од политичка гледна точка (ева!), во врска со обврската на Македонија да го исполни условот од охридскиот Рамковен договор (да им даде амнестија на сите учесници во немирите од 2001 годин...
Др. Ѓорѓи Марјановиќ, ред. професор на Правниот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје ПРИЛОГ КОН ДИСКУСИЈАТА НА "ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА ПРАВОТО" Скопје, 17.11.1994 Во материјата на т.н. политички деликт често се цитира еден познат европски правник, кој рекол, "кога политиката ќе влезе во судницата, правдата бега преку прозорец!" На овие умни зборови се сеќавам токму затоа што комунистичките режими, насекаде во светот, судниците ги исполнија без остаток со политика. Како што е познато, судиите во нив (со чесни исклучоци, се разбира) беа избирани најмалу врз основа на своите професионални квалитети, а најмногу врз основа на својата "морално-политичка подобност", што ќе рече: врз основа на својата темелно проверена верност спрема комунистичката партија и нејзината политика. Во контекстот на дискусијата што тука ја водиме ова сознание е од превосходно значење. Имено, составот на македонското судство, како што е исто та...